ОД ГРЦИЈА КОПНЕЖ ПО ТУРЦИЈА

Филип Ангеловски, ракометен печалбар кај јужниот сосед

Во прволигашот Панилиниос од Атина пет месеци на ракометна печалба е Филип Ангеловски, поранешниот лев бек на Златен даб. Еден е од двајцата странци, покрај Србин десен бек. Одигра мошне добро, како еден од највисоките во цела лига. Изборивме опстанок, деветти од 12 тима. Повеќе не можеше клубот, каде финансиите беа проблем ≠ вели Ангеловски. Има понуда за продолжување на договорот, но намера му е да ја смени средината. Погледот е кон Турција, каде ракометот е во подем и многу се вложува. Сакам во Турција. Во Грција се скусува спортот. Сé се пусти, освен фудбалот и кошарката. Олимпискиот стадион тешко се одржува, полн е со тревишта и грда слика околу ≠ истакнува Ангеловски. Ангеловски (25) играше во Косово, за Златен даб, МРК Вардар и Вардар про.

Loading