СЕ ВО ЧЕСТ НА ЧЕРНОДРИНСКИ

Петар Темелковски, уметнички директор на МТФ “Војдан Черндорински”

По 46 пат ќе се крене завесата на МТФ “Војдан Чернодрински”, кој годинава е во знакот на одбележувањето на годишнината од смртта на патронот Војдан Чернодрински. За тоа што ќе понуди годинешното фестивалско издание од разговорот со уметничкиот директор Петар Темелковски.

Како ќе се отвори Фестивалот?

Фестивалот, на голема радост на прилепчани, ќе биде отворен со изложба, поздравни говори, доделување на наградите за животно дело на режисерот Коле Ангеловски и актерите Трајче Иваноски и Благоја Спиркоски – Џумерко. Централен настан, се разбира ќе биде претставата “Хамлет” од Вилјам Шекспир, во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

Какви се содржините?

Одличен Фестивал. Најдобрата публика ќе ужива во спектар на разнолики претстави. Го одбрав најдоброто и се надевам дека сите ќе бидат задоволни и со радост ќе ги гледаат претставите.

Колку претстави ќе има во седумте дена театарска фешта?

Селектирав 19 претстави, од кои 11 се во официјална конкуренција за награди, седум се надвор и една во чест на наградените уметници на затворањето на Фестивалот, а тоа е “Ромео и Јулија” на МНТ.

Ќе има и дополнителни содржини?

Во пладневните часови ќе има промоции на драмски текстови, изложби, симпозиум по повод 60 години од упокојувањето на нашиот патрон Војдан Черндорински, како и проекција на филмот “Македонска крвава свадба”. Годишнината ќе биде одбележана достојно, со сите содржини на игрите. Сé во чест на Черндорински.

Loading