“ ЗЛАТА “ ЗА ДИМИТРИЕСКА И НИШАН

Стрелаштво

Триумф на клубот Нишан на Државното првенство со воздушна пушка, сериска програма во Охрид. Екипно го освои првото место во јуниорска конкуренција со 968 бода. Успех и на членката на Стрелец 09, Јулијана Димитриеска, најдобра јуниорка со 337 круга. Со прецизно око се покажаа, кај пионерите, Христијан Ангелески од Херој Прилеп. Тој е трет, исто како Христијан Николоски од Нишан кај јуниорите. Екипно, кај јуниорките до второ место стаса Стрелец 09, до трето тимовите на Нишан кај пионерите и повторно Стрелец 09 кај јуниорите.

Loading