РОНИН УБЕДЛИВО НАЈДОБАР

Карате

Во Гостивар се одржа изборниот државен натпревар за кадети и јуниори за избор на репрезентација на Балканско првенство Кипар, медитеранско во Италија и светско во Малезија. КК Ронин на Елизабета и Златко Димоски излезе убедливо најдобар меѓу 56 клубови од државата. Освои 17 медали, шест златни, четири сребрени и седум бронзени. Злато освоија Марија Матракоска борби, ката тимот (Марија Матракоска, Симона Анџиева, Симона Стојкоска), Искра Каракашоска во ката кадетки, Марија Матракоска ката јуниорки, Зорица Спиркоска и Даниел Петкоски кај највозрасните јуниори. Златко Димоски има покана од Кипарската федерација да биде главен инструктор на летни подготовки заедно со селекторот на Шпанија.

Loading