ПРОЛЕТЕР СЕКАДЕ ПРВ

Џудо

За два дена џудо клубот Пролетер на Славе и Игор Димитријоски е најдобар на два различни натпревара. Во саботата, на 12. традиционален меѓународен турнир во арената “Сонце”, освои 69 бода, пред Ипон Скопје со 47 и Раднички Обреновац (Србија) со 37. Најуспешни во машка конкуренција, кај јуниорите е Бојан Крагуески, а кај пионерите Давид Николоски. Учествуваа 134 натпреварувачи и 17 клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Велика Британија. Во неделата, на Државното за пионери и јуниори во Кавадарци, освоени се 19 медали, од нив дури 12 се “златни”.

Loading