НОВИ БЕКОВИ КОН ЖИТО ПРИЛЕП

Ракомет: Засилувања се нудат

На заслужен одмор е женскиот ракометен вицепрвак Жито Прилеп. Не се знае колку ќе трае паузата. Денеска се одредува планот за наредната сезона. Најавено е учество и во купот, и првенството, и во европскиот КПК и Регионалната лига. Нема многу одмор, иако паузата е добредојдена пред новиот поход ≠ вели Ристо Магдинчев, тренерот од Скопје. Тој ја продолжува на соработката со клубот, каде лани ја наследи Жане Дисоска. Тајни се уште засилувањата. Се кријат имињата. Се шпекулира дека многу се нудат од дома и странство. Околу 60 отсто е утврден изгледот на тимот. Откривам дека на бековските позиции сме поблиску да доведеме нови. Има место за пивот, голман… Потребни се шест ≠ седум играчи ≠ подвлекува Магдинчев. Во меѓувреме кадетскиот тим на Менде Петлески го освои четвртото место на фајнл≠форот од Лигата.

Loading