ПРЕДНОСТ ЗА ПОБЕДА ЈУНИОР

Трета и Општински лиги

Лидерот Победа јуниор на Кире Овезоски, по вчерашниот триумф дома на дербито со Бабуна 1≠0, се одвои на третолигашката табела со шест бода предност. Може да се готви за последното коло и локалното дерби со Корзо, бидејќи в недела гостува кај аутсајдерот Борец во Велес. Останати: Илинден ≠ Младост, Вардар ≠ Млекар, Партизан ≠ Д. Езеро, Големо Коњари ≠ Превалец, а дерби е Корзо ≠ Бабуна. Есеноска токму тимот на Панде Трајчески изваде 0≠0 во Велес. Табела: Победа ј. 75, Бабуна 69 бода. Во А Општинската лига, по завршениот основен дел, останува разигрувањето за првак на најдобрите четири. В сабота (17 ч.) на Спортски центар играат првиот Динамо Мажучиште со четвртата Кадица Забрчани. В среда е дуелот на второто Кадино со третото Тополчани. Победниците се во финале на 12 јуни.

Loading