ТИТУЛА ЗА НАЈФУДБАЛСКИОТ ГРАД

Фудбал: 11 Октомври триумфално кон Прва лига

Формулата за успех: спонзор, плус организација

Екипата на 11 Октомври со последниот триумф од 6≠1 над Влазними се искачи на второлигашкиот врв, со 16 победи, шест нерешени и четири пораза, со 54 бода му подари титула на најфудбалскиот град. Пехарот од градоначалникот Марјан Ристески, член на собранието на ФФМ, е наполно заслужен во рацете на капитенот Дејан Кулески. Награда е за тригодишната посветеност на управата, тренерите, играчите. Во сезоната 2008/09 клубот беше третолигаш, после две години помина во втората лига, а од есен првпат е во друштвото на прволигашите. Во неделата близу пет илјади гледачи го поздравија трофејот. Се коментираше и прашуваше која е тајната за брзиот подем? За некои “финансиите”. Парите сами по себе не носат резултат, бидејќи има пропаднати инвестиции. 11 Октомври имаше концепција со Витаминка. Клубот бргу се престрои по современ модел, каде се има постојано на ум дека секој денар не е подарок, туку мора да се оправда со резултат, долично однесување, рејтинг. Обврските и очекувањата се исполнети и со формулата “силен спонзор, плус организација” се тргнува кон нови предизвици во Првата лига. Парите се услов. Вложени се доволно средства. Не се расфрламе, туку рационално трошиме. До првото место се доаѓа со скапи играчи, а ние се определивме на домашни и комбинација на искусни со млади ≠ вели Сашо Иваноски, претседател на 11 Октомври. За 11 Октомври со задоволство говорат упатени. Не само Витаминка што одбра идеален клуб за вложувања, но и градот препозна идна голема афирмација. Градските власти имаат дел од заслугата. Малиот клуб станува голем и со армијата навивачи. Најгледаниот спортски тим ја преполнува трибината, а од есен желба е да се стаса до спектакуларна бројка од 10 илјади гледачи. Градот како некогаш што ја сакаше згаснатата Победа, сега со срцето чука за 11 Октомври. Голема придобивка е публиката. Се цени и од спонзорот. Така вратите за популарен клуб секаде се отворени ≠ истакнува Иваноски. Големи се очекувањата. Амбициозниот клуб не се задоволува со учеството во елитното друштво, туку со висок пласман во дебитантската сезона. Најавени се засилувања. Но, се што е вредно во тимот биде задржано. Со план сме за повеќе нови за конкуренција. Доведуваме каде немаме домашни. Кај приближниот квалитет, домашниот играч е во предност ≠ заврши Сашо Иваноски. Првотимците на Николче Здравески не се на распуст, бидејќи ги чека куп со Г. Коњари. Околу 16≠17 јуни се летните подготовки за наредната цел ≠ Европа.

Мојсовски најстрелец

Владимир Мојсовски е најдобриот стрелец на 11 Октомври во минатата сезона. Во неделата го даде 13 гол и на листата е втор зад охриѓанецот Игор Клечкароски со 18. Корпулентниот шпиц Благоја Гешоски имаше вредни голови пролетва. Даде девет. Драган Димитровски од клупа стрелаше седумпати, колку и Новче Ацески. Противничките мрежи ги тресеа уште шест соиграчи. Шампионот со 50 голови е втор по ефикасност зад Охрид со 51, но 11 Октомври има најдобра одбрана со само 19 примени, исто колку Риниа.

Младинците при врвот

Младинците на 11 Октомври загубија добиени мечеви со Ренова и Металург. Пак добро се држат на табелата. На две кола пред крајот се борат за трето место со Пелистер. Слично е со кадетите, додека пионерите вчера имаа реванш со предност од 3≠0 кај Брегалница во Штип. Координаторот Тони Наумоски е задоволен од развојот на надежите, иако за влакно избега еден куп трофеј.

Поштар најсреќен гледач

Наградите од ФК 11 Октомври и “Елит кафе” се за Сашо Ристески, вработен во Македонски пошти. Тој е навивач без пропуштен натпревар. Често трчам и со чантата до стадион. Имаме супер тим. Одлични се Ацески, Гешоски, Мојсовски, Кулески, сите. Со неколку засилувања ќе бидеме хит во првата лига ≠ порачува Ристески, кој за поддршката доби чадор, кафе ≠ пакет и топка. За преостанатите награди кандидат е “уловениот” од нашиот објектив, заокружен на сликата. Треба да се јави најдоцна до среда во редакцијата на “Зенит”.

ИСТОРИЈА ДОЛГА 66 ГОДИНИ

ФК 11 Октомври е формиран на 1 мај 1945 година во рамките на МСД “Прилеп”. Тој ден е одигран првиот пријателски натпревар, на кој со 1≠0 е совладан “Гоце Делчев”. На 12 октомври 1946, екипата има прво гостување во странство, Албанија, во Корча и Тирана. Сепак, клубот со документ е регистриран дури на 21 ноември 1947. Потоа се вклучува во Битолската фудбалска област. Најзначајна победа е против Работник (сегашен Пелистер) со 3≠0. Најуспешна во овој период е 1959 година, кога се добиени два квалификациски меча за влез во Македонска лига. Совладан е Напредок, во Кичево 3≠1, дома 4≠1. Во 1963 година настанува фузија со ФК Индустријалец и од тогаш е името ФК 11 Октомври. Клубот игра и вторпат квалификации за враќање во Македонска лига. Во 1969 година, во Свети Николе ги победува домашниот Овче Поле и Пелагонија од Битола. Успеси има и во Купот. Најголем во историјата е есента 2009 кога со 3≠1 елиминиран е ривалот со најзвучно име, скопски Вардар.

Loading