СЕ ИСТРАЖУВА ГРОБНИЦА НА БАБА

Завод и Музеј истражува старомакедонска гробница во карпа на локалитетот “Кукул – Баба”. Некрополата била оштетена од претпријатие кое стопанисувало со рудникот во околината. Гробницата од македински тип, датира од вториот век од п.н.е. Биле погребувани побогати луѓе. Надворешниот ходник и внатрешноста не се доработени и најверојатно гробницата не била искористена. Свод “на две води”, е непозната појава – вели археологот, виш кустос Душко Темелкоски.

Loading