ОЗРЕН ПРОХИЌ ЈА ПОСТАВУВА “ АНТИГОНА “

Хрватскиот режисер Озрен Прохиќ првпат доаѓа во Македонија да ја работи “Антигона”, според Софокле со ансамблот на нашиот театар. Среќен е што ќе има “првенче” во Прилеп. Задоволство ми е што првпат ќе работам во Македонија и тоа во прилепски театар. Мои претстави гостуваа на македонските фестивали и ја засакав Македонија. Откако од моите пријатели Неќак и Брезовец слушнав за прилепскиот театар дека ансамблот е одличен и дека има квалитетни актери, по многу преговори тука сум – вели Прохиќ. Проектот е замислен како Седуммина против Теба, кога браќата се убиваат. Еден град, една држава ја напаѓаат од седум врати. Тоа е актуелен проблем на Македонија, а Антигона е најинтересниот во овој неореалиберализам, проблем на младите луѓе. Сите се бунат и прашање е дали има разрешница. Ќе биде добра претстава, со полно значење – додава режисерот.

Loading