УЧАСТАКОТ ЌЕ ДОБИЕ СОВРЕМЕН ЛИК

Гордана Данаилоска – Спироска, директор на Завод и Музеј

Заводот и Музеј почна со реконструкција на Меморијалниот музеј 11 Октомври. За градежните зафати е избран “Конструктор инжинеринг” од Скопје. Ќе се збогати и ќе се преуреди поставката со досегашните елементи, бидејќи не смееме да менуваме. Се менува начинот на презентацијата во помодерен, со игра на осветлувања и потенцирање на одредени експонати. Засега нема оштетувања, но ќе се санира муралот од НОБ, ако проценат стручнаците. И надворешно, и внатрешно, објектот ќе добие современ лик Реконструкцијата содржи промена на покривот, замена на гредите, и санација на архитектурата. Ќе се изгради и санитарен јазол. Реконструкцијата ќе биде готова до почетокот на октомври – вели директорката Гордана Данаилоска – Спироска. Во Завод и Музеј е завршено годинешното истражување на Стибера. Ќе продолжиме на локалитетот Баба. Се ревалоризираат објекти, кои во 1958 биле прогласени за споменици на култура, а сега пак треба да се евидентираат. Тоа се црквите Св. Димитрие, Св. Богородица Пречиста и Св. Никола. Ќе работиме и на конзервации. Планираме збогатување на збирката на Музејот за тутун, и довршување на постојаната археолошка поставка, во чија содржина ќе се експонатите од истражувањата низ годините – додава Данаилоска- Спироска.

Loading