СЛИКИ ОД НИЧЕ ВАСИЛЕВ

Во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”

Изложба на 20 слики и пастели од струмичкиот сликар Ниче Василев ќе биде отворена вечерва од 20 часот во галеријата на ЦК. Василев зад себе има над 30 самостојни изложби во земјава и странство и исто толку групни. Ликовна академија завршил во 1978 година во Варшава. Студирал и на Националната академија во Софија, на факултетот за применета уметност. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградите 17-ти Априлски салон во Добој, специјална награда на Академијата на ликовна уметност во Варшава, откупна награда на изложбата Југословенскиот портрет, во Тузла, наградата “Димитар Пандилов” на ДЛУМ, наградата “ Методија Ивановски – Менде” на КИЦ од Скопје.

Loading