МАКАЛОСКИ ВО МИРУВАЊЕ

Круна на работниот век на две прослави имаа брачните сопатници Петре и Вера Макалоски. Двајцата, “еден од друг подалеку”, го прославија пензионирањето во ресторанот Кермес. Педагогот Петре, кој азбуката и бројките им ја всадил на стотици деца во четиридеценискиот педагошки стаж, го одбележа мирувањето на едната страна со своите колеги од ОУ “Кочо Рацин”. Од другата страна, дел од вработените од ПЕ на Фондот за пензиско осигурување í наздравуваа на својата колешка Вера. И двајцата оставија длабоки траги меѓу учениците и граѓаните. Учениците го паметат Петре како вешт пренесувач на знаење, кој им вградил темелно знаење за надградба. Строг, но праведен наставник со умешност за воспитување на децата од прво до четврто одделение. Вера ја познаваат по љубезноста во односите со граѓаните во Фондот за пензиско осигурување. Петре и Вера не кажаа како ќе ги минуваат пензиските денови, освен со одгледувањето на внуците.

Loading