ХОЛАНДСКИ ВЕЛОСИПЕД ЗА ТАТКОТО НА ПРИЛЕП

Велосипед со панделки му подари холандскиот амбасадор во Македонија Симоне Филипини на градоначалникот Марјан Ристески. Двајцата возеа на манифестацијата “Сите на велосипед” од центарот до селото Мало Коњари за празникот “Св. Кирил и Методи”, заедно со околу 200 заљубеници во “двете тркала”. Влијаеме на популаризација на велосипедот како превозно средство. Градиме и велосипедски патеки – рече Ристески.

Loading