БОРБИ ЗА ПОРАНЕШНА СССР

Борење

Мартин Стојаноски од БК 7 Мај Леов, одличен на силниот меѓународен турнир во Истанбул, Турција. Освои петто место меѓу 17 ривали, од 14 земји, главно од некогашниот СССР. Во Пехчево пак, блесна Орхан Имероски со три победи и еден пораз на сениорското државно првенство. Загуби во финале од фаворитот, штипјанецот Дејан Богданов. Гоце Митоски е солиден, трет. Следи младинското државно, во Прилеп.