ЕВРОПА НА ДЛАНКА

Салзбург со замоци, пиво во Минхен, грандиозноста на келнската катедрала, мархуан низ каналите на Амстердам и рајската градина низ музејот на цвеќето во Холандија

Утринското сонце го најави сончевиот седмомајски ден. Погоден за патување. Пред ТА “Бран” патници, прилепчани, битолчани, готови за авантура и откривање на убавини и разликите на Европа. Расположени, подготвени за откривање нови видици. Автобусот тргна преку Србија, Хрватска, Словенија. Ноќта паѓа по некоја шега. Првата дестинација Салзбург во сончев блесок. Пречекува во алпски амбиент и интересна архитектура. Градот на Моцарт е познат и по фестивали и престои на уметници од висок маштап. Прегрнува зеленилото во паркот Мирабел, кој плени со својата убавина. Распослани широки градини преполни со цветови. Во стариот град, барокна архитектура. Катедрала и средновековен замок на ридот, најпознатни тврдини во Европа. Своевиедна атракција за погледот е старите градби.

Метрополи среде Германија

Следи Минхен во Германија, стар осум столетија. Распослан на двете страни од реката Изар. Името го добил по зборот монаси. Затоа има монах на грбот на градот. Бил крунисан германски крал Лудвиг 4. Плени со готски стил. Восхит предизвикуваат Катедралата Фраункирхе од 15 век, најстарата црква Св. Петар, покраинскиот парламент… Отвора прегратка плоштадот Мариенплац. Интересен спојот на историски градби со модерни импресивни зданија. Градот на Баерн, фармацевтската компанија, на фудбалскиот клуб со исто има, на светското фубалско првенство во 1974 година и на Октобар биир фест. Посакувано место за креација на уметниците, оти е полн, претоварен, на секој чекор, со скулптури и култура од различен тип. Сé е на тркала. Малкумина се движат на нозе. Се чувствува во воздухот висок животен стандард. Грев е да се мине саат – два во Минхен, а да не се вкуси горчливо, слатката пена на пивото, особено во атрактивната пивница во центарот. Кога пивото се мези со германски колбаси, тогаш се лизга задоволство во душата. За Германците овој пијалок е национален. Но, не помалку, вкусен е и сладоледот. Човек прсти да излиже. Ново доживување е долината на реката Рајна. Величенствени замоци го красат речниот брег. Се редат како квадрати со цвеќиња, германска архитектура на семејни домови. Сé е старо, автентично, само реставрирано и заштитено. Доживувањето кулминира низ “атактот” на зеленилото од сите страни. Сé е чисто како солза. Германска педантност и посветеност да се зачува убавото. Во центарот на Келн доминира катедралата, седиште на Римокатоличката црква. Грандиозно здание. Паѓаат воздишки. Келн е економски и културен центар со развиен уметнички живот. Можат да се посетат преку 30 музеи и илјадници галерии.

Дрога и цвеќе во Холандија

На патот кон Холандија, ноќта се спушта, а сонцето заоѓа дури по 21 часот. Дестинација е Амстердам на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град е од 12 век. Бил рибарско село, а денес е најголем град во земјата, финансиски и културен центар, во кој владее културна разноликост. Централното јадро е во архитектура од минатите векови. Од сите страни вода низ каналите. Бротче се лула и се набљудува. Нема рамнодушност, туку возбуда. Илјадници фотографии за век и веков, оти сé го возбудува окото. Над 160 канали го делат градот на 90 острови. Затоа Амстердам се нарекува “Венеција на Западна Европа”. Околу палати во цигли. Срж е плоштадот Дам со кралската палата, новата црква и шопинг улицата. Околу е квартот на “Црвени фенери”, каде легално се продава марихуана. Во музејот на Ванг Гог е најголемата збирка дела од големиот уметник. Не помалку внимание предизвикуваат Музејот на Мадам Тисо, куќата на Ана Франк, Државниот музеј… Воодушевува слободата, различноста и толеранцијата, чувствувана на секој чекор. Посебно доживување е Музејот на цвеќето. На 34 хектари парк со 70 милиони цвеќиња, езерца, скулптури. Рајска градина создале Холанѓаните. Срцето посакува уште, и уште, видик на живописни бои цветови. Прошетката не е пеш, туку со велосипед.

Брисел раскрсница на јазици и култури

Брисел, главниот град на Белгија, е раскрсница на јазици и култури. Се слушаат различни говори. Затоа е престолнина на ЕУ, НАТО и другите европски институции. Метропола, во која сите некаде итаат. Неколкуте часа прошетка се како неколку минути. Се ужива во прекрасната глетка, на зданијата изградени со модерен стил. Водушевуваат плоштадот Гранд Палас, зградата на еснафското собрание, старата барокна куќа, статуите Манекен и Јанекен Пис, катедралата Св. Михаил, Атомиумот… Со несредени впечатоци, се зграпчува Виена, крајна дестинација на патешествието.

Loading