РИКЕР ВО ПАРКОТ КАЈ СУДОТ

Од новата општинска зграда се воодушеви и американскиот амбасадор Филип Рикер. Тој оствари уште една пријателска средба со градоначалникот Марјан Ристески и претседателот на Советот на општината, Димитар Стевананџија. Амбасадорот Рикер не можеше да не воздивне и на убавината со која плени и паркот кај судот каде заедно со градоначалникот пресекоа лента пред две години. Во знак на благодарност и искрено повеќегодишно разбирање беше поставена табла во паркот кај Судот. Рикер е докажан пријател на Прилеп, а градоначалникот Ристески имаше плодна успешна соработка. За изминатите контакти си разменија и пригодни подароци. Рикер го посети и манастирот Св. Богородица – Трескавец, каде наоѓал пособен духовен мир. Градско – амбасадорската “свита” се прошета и низ прилепската стара чаршија, крај градскиот часовник по кој минувачите велат “Ах”, со секое отчукување мерејќи го времето.

Loading