ПОРАЗ СО ОТПОР

Бокс

Во Приштина се одржа вечер на интернационален профи бокс, а главната борба ја имаше дебитантот Миле Јовановски против домашниот Џавид Висока. Висока, кој е многу поафирмиран, со шест победи досега и три порази, го доби мечот со технички нокаут. Жестока борба со храбар отпор на Јовановски. Издржа неколку недозволени удари под појас. Прекинот беше да се заштити од повреди – вели тренерот – менаџер, Дарко Чатлески. И натаму се најавуваат привлечни манифестации. Планирано е ново изненадување за прилепските вљубеници во благородната вештина. Желба е да доведат квалитетни од Германија, Швајцарија, Албанија и Хрватска за мечеви со нашите боксери, наскоро во арена “Сонце”.

Loading