АНА ЌЕ ЗАИГРА ПАЈДУШКО ВО СЕУЛ

Младата прилепчанка Ана Тодороска, која сигурно чекори во професионалната манекенска кариера, ќе дефилира на црвениот тепих на интернационалниот натпревар Miss Asia Pacific во Сеул, Јужна Кореа кон крајот на мај. Таму ќе игра и пајдушко оро, во рамките на националната вечер и демонстрацијата на таленти. Престојот ќе í е најубав роденденски подарок. Зад нејзе на патувањето стои модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА и фотографот Тоше Јанев – Јанус. Забавата е нејзин приоритет, а успехот е само мотив повеќе за работа. Дваесет и три годишната апсолвентка на Филолошки факултет во Скопје, на катедрата за македонска и јужнословенски книжевности успешно плива во манекенските води две години. За кусо се качи на тронот како победник на Fashion Tv за Македонија, беше наш претставник на балканскиот избор во Белград – 2009, мис бикини на Best model of Macedonia – 2010, Miss Summer International на Мис Крема, Miss Globe Macedonia со што ја претставува Македонија на интернационалниот избор во Кипар и освоено 14-то место од 80 земји. Таа не прифатила понуда за снимање на турска серија во Бодрум.