ПРОМОЦИЈА НА КНИГИТЕ ОД АКАДЕМИК ЏАМБАЗОВСКИ

Во читалната на ГБ “Борка Талески”

Вечерва, во Големата читална при ГБ “Борка Талески”, во 19 ч. ќе се промовираат трудовите од академик, проф.д-р.сци. Ангел Џамбазовски. Станува збор за научните трудови Теорија на антрополошката кинезиологија, Кинезиолошка медицина (спортска физиотерапија, хиропрактика, медицинска кинезитерапија), со видеопрезентација за дискус хернии и ‘рбетни деформации. Промотори ќе бидат д-р. Предраг Немец, кинезиолог – физиотерапевт од Белград и проф.д-р. Ангел Шишков, од Факултетот за кинезитерапија и спортска медицина од Софија.

Loading