ФЕСТИВАЛОТ ДА СЕ ГЛЕДА СО РАДОСТ

Позната програмата на 46 МТФ Војдан Чернодрински

Старт на 10 јуни

11 претстави во конкуренција и 7 во придружните манифестации

Драмскиот режисер и актер Коле Ангеловски и актерите на прилепскиот театар Благоја Спиркоски – Џумерко и Трајче Иваноски се годинешните лауреати на 46-от Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински. Уметничкиот директор Петар Темелковски ја соопшти програма за фестивалот, кој наместо во првиот петок од јуни, заради предвремените изборите, ќе стартува на 10 јуни, а ќе заврши на 16 јуни. Управниот одбор на Фестивалот, по завршувањето на седницата, соопшти дека програмата опфаќа 18 претстави од кои 11 се во официјалната конкуренција. Фестивалот ќе стартува со претставата Хамлет на Драмскиот театар од Скопје, а театарот домаќин ќе настапи со претставата Антица. Според уметничкиот директор, фестивалот нуди квалитетен театарски избор. Театрите се заземаат, прават добри претстави и се занимаваат со доста значајни драмски содржини. Има и добра драмска продукција. Радост е да се донесат 18 претстави на фестивалот – рече Петар Темелковски, уметнички директор. Во официјалната програма за награди ќе бидат прикажани 11 претстави: Драмски театар од Скопје ќе настапи со две претстави – Геноцид – 21 од Љубиша Георгиевски, во режија Владлен Александров и претставата Хамлет од Шекспир, во режија на Дејан Пројковски. Нора од Ибзен во режија Никола Ристов, ќе за изведи велешкиот театар. Албанскиот театар од Скопје ќе ја одигра претставата Женски оркестар од Жан Ануи, во режија Наташа Поплавска. Турскиот театар, ќе ја игра претставата Арапска ноќ од Роланд Шимилсдсинг, во режија Слободан Унковски. Кумановскиот театар доаѓа во Прилеп со Силвија од Алберт Рамсдел Гурнеј, во режија Драгана Милошевска. Обична приказна е насловот на претставата на битолскиот театар, по текст на Марина Ладо во режија Љупчо Ѓорѓиевски. Малиот драмски театар од Битола ќе се претстави со Спиноза од Гоце Смилевски, во режија Зоја Бузалковска. Струмичкиот театар ќе ја игра Вистинскиот Минхаузен од Григориј Горин, во режија Ненад Витанов. Прилепскиот театар настапува со Антица од Ристо Крле, во режија Бранко Брезовец. Членовите на жирито ќе се избарата пред почетокот, како и претставата со која на 16-ти јуни во чест на наградените ќе биде затворен фестивалот.

Во придружната програма

Охриѓани и Австралијанци ќе дебитираат. Во придружната програма ќеима 7 претстави: Свекрва на штипскиот театар, Среќни денови на театарот од Охрид, три дипломски претстави како и драмата Мистер Балкан на КУД Глигор Прличев од Сиднеј Австралија. Годинешното 46-то фестивалско издание, ќе биде во знакот на одбележувањето на 60 – годишнината од упокојувањето на патронот Војдан Чернодрински. Ќе се одржи симпозиум со познати театролози и ќе биде отворена изложба.

Loading