ВО КОЛИНАРСКАТА СЕНКА НА ВАСЕ

Манифестација”Вешта жена”

Помина осмата трка “Вешта жена” со седум натпреварувачки, кои ги мереа и покажуваа кулинарските способности и умештва, како и осетот за аранжирање на свечена маса за четири лица. Прилепчанките покажаа богат сенс, дури и уметнички порив при подготовката на домашни специјалитети. Блеснаа вештите раце на Васе Магероска, која одлично се претстави со традиционалната маса “Велигденска трпеза”. Таа предизвика восхит. На ,,трета мајка,, во “Вешта жена”, таа вторпат победува. Ќе биде репрезент на градот на државниот натпревар на 14 мај во Тетово. Вештите прилепчанки на 29 мај ќе учествуваат на манифестацијата “Етно жена” во Струга. Подоцна ќе патуваат заедно со колешки од другите градови на островот Крф во Грција.

Loading