ЧОЛА НА ПИВО И СКАРА

Најпопуларниот машки вокал на поранешните ју – простори во последниве 40 години, Здравко Чолиќ ќе пее на “Пивофест”. Според најавите, балканската мега ѕвезда ќе биде главната музичка атракција на пивијадата од 14 до 17 јули. Можно е, освен со стандардниот тим, Чола да настапи и со 18 гудачи и осум балерини. Пивцето полесно ќе се слева, а кебапите полесно ќе се голтаат со извонредниот глас на 60 годишниот пеач, кој успешно ги носи годините. Се очекува Чолиќ да го надмине ланскиот рекорд на посетеност на Пивофестот со Цеца од над сто илјади гости само на саботната централна забава. Чола, по речиси четири децении на поп естрадата, уште е свеж и ги пали срцата на повозрасните. Помладите ги ,,гори ватра,, со ,,главо луда,, И уште десетици хитови. Во 1975 година излезе првиот негов соло албум насловен Ти и ја, а вториот Ако приџеш ближе кој се продаде во над 900 илјади примероци. Слава постигна со албумите Због тебе (1980), Мало појачај радио (1981), Шта ми радиш (1983), Ти си ми у крви (1984), Здравко Чолиќ (1987), Да ти кажем шта ми је (1990), Кад би моја била (1997), Окано (2000), Чаролија (2003), Завичај (2006) и Кад погледаш ме преко рамена издаден во 2010 година.

Loading