КК ЛУКАС НАЈДОБАР МЕЃУ 50 КЛУБА

Карате

Континуитет успеси на младите на КК Лукас од Ахил Јаков и Златко Настески. Последниот е на државниот награден турнир за деца во Велес. КК Лукас со 17 членови освои 18 медали. “Златни” се: Цвете Јанеска, Звонко Николоски, машкиот тим 2000 (Звонко Николоски, Давид Цветкоски, Константин Василески) во кати, Цвете Јанеска, Константин Василески, Александар Николоски, Мартин Николоски во борби. КК Лукас, како лани, е прогласен за најдобар во генерален пласман, во конкуренција на 50 клуба од цела Македонија.

Loading