ГОЛЕМО КОЊАРИ НА “ШЛЕПЕР”

Трета и општински лиги

Криза е, но фудбалските клубови преживуваат. Третолигашот Големо Коњари е врз плеќите на претседателот Слободан Димоски – Шлеперо. Мештаните му признаваат дека душа дава за клубот, а кога нема од каде зема од пензијата. Не сакам да се фалам со придонес од семејниот буџет, бидејќи тука секогаш ги имам пријателите. Пролетва добро се држиме, а наесен планираме посилно Г. Коњари, со играчи како Зоран Даноски во Чешка – вели Димоски. Г. Коњари, по триумф над Борец 8-2, в недела оди кај Млекар. Останати: Младост – Превалец, Борец – Партизан, Победа ј. – Д. Езеро. Претходно: Д. Езеро – Младост 0-2, Вардарски – Победа ј. 1-4, Партизан – Вардар 4-2, Корзо – Млекар 1-2. Табела: Победа ј. 62, Бабуна 57 бода. Во општинската А – лига в недела (17 ч.) лидерот Динамо е на поправен дома со Ц. Ѕвезда. Мажучани беа на “ладење” со пораз во Чепигово од 3-1. Останати: Боротино – Пролетер, Козара – Кадино, Тризла – Кадица, Тополчани – Чепигово. Претходно: Кадино – Обршани 2-2, Кадица – Тополчани 4-1, Пролетер – Козара 1-2 и Ц. Ѕвезда – Боротино 0-4. Табела: Динамо 40, Кадица 34 бода. Во Б – лигата (10 ч.): Гарван – Братство, Мукос – Клепач, Пелагонија – Беровци. Претходно: Клепач – Пелагонија 2-0, Братство – Мукос 7-0, Илинден – Гарван 0-3. Табела: Братство 40, Илинден 36 бода.

Loading