ФИНАЛЕТО НЕ ДАВА ПРЕДАВАЊЕ

Ракомет: Утре петти дуел на Жито Прилеп со Металург

Во купот можни се изненадувања – смета тренерот Магдинчев

Викендов во Скопјее завршницата од женскиот ракометен куп. Според очекувањата Жито Прилеп утре, на полуфиналето, за ривал ќе го има Вардар. Нема друга филозофија освен победа. Фаворити сме и треба да се вложи максимум да се пласираме во големото финале – вели Ристо Магдинчев, тренерот на Ж. Прилеп. Извесно е финалето, в недела (17 ч.) против домаќинот, шампионот Металург, кој има лесна задача претходно да го елиминира велешки Леов бартек. Финалето не признава предавање однапред. Треба да се најдат сили за достојно претставување. Претстои петтиот дуел со Металург, кој трипати победи, но еднаш беше поразен и тоа покажува дека сепак не е непобедлив. Можни се изненадувања. Еден меч е, нема поправка. Ќе го одиграме вежбаното. Слабостите ги елиминиравме и имаме адути. Очекувам пожртвуваност до крај – потенцира Магдинчев. Мачат повредите на бековската линија. Мери Гичева има тешкотии со раката, а Ивана Петковска со ногата. Со цел комплетни, тим можеме повеќе против Металург – заврши Магдинчев. Мечевите од Купот ќе бидат пренесувани на телевизија.

Уште три кола

Во 25. коло завчера, Жито Прилеп го совлада во Велес, Леов бартек (15 – 20). Во првенството од Супер лигата остануваат уште три кола. Дома се мечевите со Гевгелија и Вардар, а на гости кај Кичево. На табелата води Металург со 72 бода, пред Жито Прилеп со 66.

Loading