РЕПОРТЕРОТ ПАДНА, ПРЕНОСОТ СЕ РАСТУРИ

Историја

Дебитантскиот меч во Европа за Победа летото 1997 година имаше непријатни моменти, речиси незабележани од медиумите. Во квалификациите за Купот на УЕФА, во Воѓислав, Полска, се играше дуелот со домашната Одра. За Полјаците имаше директен пренос од Македонско радио. Покојниот репортер Гоце Сипковски имаше нарушено здравје. Се жалеше, ама не прифаќаше замена, туку велеше дека ќе издржи и на жешкото време. Изгледаше дека се ќе биде во ред, при првите јавувања. Но, само до одморот. Извести за водечкиот гол на Одра, за пречката на Оливеира. Во вториот дел, одненадеш му се изгуби гласот и падна од столчето. Притрча новинарската ложа, лекари, и репортерот по нивната помош се чувствуваше подобро. Но, не беше во состојба да продолжи. Новинарот Миле Талески, тогаш дописник на Радиото, се понуди да продолжи со преносот, но од редакција не дозволија. До крајот само од студиото информираа за резултатските измени до конечните 3-0. Се образложуваше дека линииите се во прекин. Сипковски некако собра сила до аеродромот во Катовице, но при летот повторно загуби свест. Во Скопје, по слетувањето во еден по полноќ, го пречека возило на Брза помош. Во Воѓислав имаше и инцидент. Во хотелот на фудбалерите на Победа, насилници го нападнаа и ограбија градоначалникот Глигор Иваноски.

Loading