НАБЉУДУВАНА ПОЛИЦИЈА

Птичја перспектива на новата полициска зграда од шеесетите фатил некој анонимен заљубеник на фотографиите. Неодамна ја извадил од прашината да го ја подели историјата со пријателите на социјалните мрежи. И не зажалил, фотографијата не е стара, но е уникатна. Малку се зачувани по албумите на прилепчани. Помладите не го препознаваат градот да ја запнат на интернет, да воздивнуваат и откриваат нови историски моменти од ,,стариот,, град. Ја нема ниту Липа, го нема ниту судот, нема голем дел од денешниот сменет лик на градот по улицата ,,Борка Утот,,. Од деветкатницата, некој ја ,,фатил,, да ја набљудува полицијата. И куќите околу не се по ново. Туку се немалтарени, без фасади, без дограма, во градба. Се забележува уникатна архитектура насекаде, со исклучок на една необична, и за денес, модерна архитектонска градба за дом. Како и да е, Прилеп зрачи со дух кога и да се види во дамнина.

Loading