КАПАЧЕ СО “МАНГИТЕ ПИЈАТ ЧАЈ,,

Со гледливата и интересна претстава “Мангите пијат чај” во режија на Коле Ангеловски, театарот во недела вечер ќе го затвори 13 Интернационален фестивал на монодрамата во Битола. Завршницата е доверена на прилепскиот ансамбл, оти станува збор за претстава со неколу животни судбини во временски периоди, доста вриежливи, а претставени на привлечен, помалку комичен, но главно сериозен стил. Од Центарот за култура велат дека големо задоволството е да се стави јаготка на врвот на интернационалниот фестивал, бидејќи е потврда за квалитетот.

Loading