ТОШЕ ДОБИ ДОМ ЗА ГОЛЕМАТА ДУША

Големиот уметник Тоше Проески, кој ја задолжи македонската нација со непроценливо богатство, конечно го доби својот дом – музеј. Отворена е спомен куќата како крст, која претставува навраќање на неговото дело. На две нивоа, во суптилно архитектонско решение, зданието го презентира целокупниот “живот” и творештво на Тоше. Претставен е со 350 експонати како хуманист и верник, Тоше и фановите и Тоше засекогаш. Дури се поставени две восочни фигури во природна големина. Вечноста се гледа со бетонскиот пас-парту како бедем заштитник од времето, а водата која е дел од пејзажната архитектура зрачи чистина и живот. Во спомен куќата е раскажана неговата приказна да ја прераскажуваат идните генерации. За семејството, изградбата на куќата, е симбол на животот. Многубројните фанови од цел Балкан велат дека Тоше вечно ќе живее преку куќата. Актерот Раде Шербеџија и гитаристот Влатко Стефаноски ја изведоа песната “Крушево” за која Тоше ја напишал музиката.

Loading