ГОСТУВА ПРОЛЕТЕР ОД ВИЕНА

Трета и општински лиги

На 7 мај, по повод Ѓурѓовден, е меѓународниот пријателски меч на стадионот “Гоце Делчев” помеѓу ромските Пролетер од Виена, Австрија и Пролетер Прилеп. Претходно, в сабота (17 часот) продолжуваат натпреварите од А – лигата: Чепигово – Динамо, Кадино – Обршани, Кадица – Тополчани, Пролетер – Козара и Ц. Ѕвезда – Боротино. Во Б – лигата се среќаваат: Клепач – Пелагонија, Братство – Мукос, Илинден – Гарван. Викендов има третолигашки фудбал. Лидерот Победа јуниор гостува на Вардарски во Неготино. Останати: Д. Езеро – Младост, Партизан – Вардар, Г. Коњари – Борец, а дербито е Корзо – Млекар.

Loading