КЛУБ СТАНА СЕМЕЈСТВОТО ЈОВАНОСКИ

Парглајдинг

Најдобриот македонски параглајдерист и пилот од светска класа во прецизно слетување, Мартин Јованоски (Делта), победи на меѓународниот натпревар Неврокоп во Бугарија. Како на тренинг, ги надмина сите 30 ривали и најголемите конкуренти, Романецот Готет Георге и Романецот Бисер Андонов. Успехот му носи ФАИ бодови за напредок од четвртото место на светската листа. Од семејството Јованоски учествуваа уште двајца. Најмалиот, Борјан (15) е осми, а татко му Миле е на 10 место. Се натпреваруваа и екипно, постигнувајќи феномен. Сите екипи бројат по четворица, тие се нафатија – тројца. Со човек помалку, меѓу девет тима, се втори, под името Македонија ПК Делта. Клубот – семејство заслужува поголема поддршка во напорите од секаде да носат медали за Прилеп и Македонија.

Loading