СОРАБОТКА НА “СТРЕМЕЖ” СО “ИНЧЕНТИН ВЕРСИС”

Списанието за литература, уметност и култура “Стремеж” воспостави соработка со индиското електронско списание за поезија “Инчентин версис”. Соработката предвидува во “Стремеж” да се објават три селектирани поетски прилози со највисоки естетски вредности од “Инчентин версис”, препеани на македонски јазик. За возврат, во секој број на индиското списание ќе се издвои простор за најмалку еден македонски поет. “Инчентин версис” е современо електронско списание за поезија што се објавува на англиски јазик и излегува четири пати годишно. Се објавуваат и критички осврти за поетски книги, како и научно-истражувачки трудови за познати светски автори. Соработката меѓу “Стремеж” и “Инчентин версис” наиде на позитивен одглас во светските медиуми од областа на културата.

Loading