ФЕСТИВАЛОТ ОД 10 ДО 16 ЈУНИ

Нов термин за МТФ”Војдан Чернодрински”

За една недела се одложуваа МТФ “Војдан Чернодрински”, поради предвремените парламентарни избори. Наместо на трети јуни, Фестивалот ќе започне на 10 јуни и ќе трае до 16. Уметничкиот директор Петар Темелковски вели дека е при крај следењето на претставите, пријавени за учество на МТФ. Останаа уште неколку претстави, а во првата декада на мај ќе ја соопштам програмата – вели Темелковски. До крајот на мај ќе се знае и придружната програма. 46-ото издание на Фестивалот ќе му биде посветено на патронот, бидејќи се одбележуваат 60 години од упокојувањето на Војдан Чернодрински, чиј живот згаснал во Софија во 1951 година. Во негова чест во 1965 година се основал Македонскиот театарски фестивал.

Loading