УЧАСТАКОТ СО НОВ ЛИК

За 11 Октомври

Руинираната зграда на Меморијалниот музеј “11 Октомври” – Участакот ќе се реконструира. Реновирањето треба да заврши до октомври, пред одбележувањето на 70 години од вооруженото востание на македонскиот народ. Според директорката на Завод и Музеј Гордана Данаилоска – Спироска ќе се врши санација на архитектурата на стариот објект за зградата да добие нов лик, достоен за Музеј. Преадаптација ќе доживее и музејската поставка. Министерството води грижа за културните споменици, а со тоа и за развој на културниот туризам. Реконструкцијата на Музејот е голем придонес за зачување на културните обележја – вели министерот за култура Елизабета Канчевска-Милевска. За реновирањето на Участакот се одделени три милиони денари. Музејот ќе биде репрезентативен објект, што ќе прима посетители секој ден. Пред празникот 11 Октомври пред зградата ќе биде поставен споменик на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу. Во 2012 година ќе се постават уште 4 бисти на народните херои во алејата на народните херои каде 50 години се слави јунаштвото и слободата со десетте народни херои – рече градоначалникот Марјан Ристески. Зградата датира од 1921 година. Пред да стане Музеј била интернат од Гимназијата и Учителска школа, потоа бугарска полициска станица.        Била претворена во музеј во 1961 година. Сместена историјата на македонскиот народ во НОБ. Има фотографии, документи, скици, предмети, партизанска опрема. Музејот содржи и фотографии на борците кои го нападнаа Участакот, указите за прогласените народни херои, а на еден од ѕидовите е насликан и мурал од Борко Лазески на тема НОБ.

Пари и за археолошката поставка и за Центарот за култура

Министерството за култура оддели пари и за реконструкција на административната зграда на Музејот, во која ќе биде сместена и постојаната археолошка поставка – рече министерката Канчевска- Милевска. Ќе го презентираме богатото археолошко наследство. Водиме грижа за манастирите во Варош, во село Манастир во Мариово, во Зрзе, за локалитетот Стибера. Не е заборавен ниту Градскиот саат. Имаме слух за националното богатство. Се гордееме со откриеното, што се презентира во јавноста. И за Центарот за култура се предвидени пари за доградба на театар, а претходно се инвестирани околу пет милиони денари – вели министерката за култура.

Loading