ПЕТАР ЈОНЧЕСКИ, НАЈСРЕЌЕН ГЛЕДАЧ

Единаесетгодишниот Петар Јончески е најсреќниот меѓу 5000 гледачи на дербито со Тиквеш. Тој беше “фатен” од објективот и заокружен на сликата во минатиот број на “Зенит”. Добива чадор и пакет од Витаминка и ФК 11 Октомври во знак на посветеност и навивањето за својот тим. Две години навивам за 11 Октомври. Со задоволство го следиме со татко ми Игор. Убеден сум дека ќе биде прволигаш. Омилен играч ми е Рутески. Сакам да станам фудбалер, тренирам во пионерската школа – рече Петар.

Loading