НИХИЛИЗАМ НА СДСМ

ВМРО – ДПМНЕ

Претседателот на Советот на Општината Димитар Стевананџија ги осуди социјалдемократите за неприсутвото на отворањето на новата градска куќа. На вториот ден од Велигден, Прилеп доби нова општинска зграда по европски стандарди. За жал и за разочарување на сите, се потврди тесноградоста, егоизмот и нихилизмот на социјалдемократите. Општинската зграда ќе им припаѓа на сите, и ваши, и наши, и неопределени. Работниот век ќе го минат многу градоначалници и советници од различни партии, но црната дамка од неприсуството, ќе остане вечно – рече Стевананџија. Според него, осуда искажале сите граѓани, бидејќи со чинот не се покажува политичка зрелост, сериозност и почит кон институцијата локална самоуправа, премиер, градоначалник и Поглавар на МПЦ.

Loading