НЕ ФЕР КАМПАЊА НА ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ

“Вториот ден од најголемиот христијански празник Велигден, беше узурпиран, злоупотребен и присвоен од ВМРО-ДПМНЕ со свеченото пуштање на новата зграда на локалната самоуправа”. Вака реагира СДСМ и смета дека граѓаните не се поштедени ниту на празник. Срамно е што демохристијаните присвојуваат сé, што ВМРО-ДПМНЕ од секоја општествено корисна пригода прави чисто партиски настани. Новата општинска зграда ќе биде од интерес на сите граѓани. Да не се заборави дека Домот на АРМ í беше доделен на општината во 2006 година, кога СДСМ беше на власт. Овој проект не започна со ВМРО-ДПМНЕ. На Прилеп му беше доделена и касарната. Затоа убаво беше да се појде со Груевски таму – рече Еленче Ташкоска, претседател на Локалниот клуб на жени на СДСМ.

Loading