ЕКОНОМИСТИ – ШАМПИОНИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” победи на натпреварите во одбојка помеѓу синдикалците од образованието. Најдобри се меѓу 16 екипи од Прилеп и Крушево. На “фајнлфорот” во Крушево, ги совладаа “Ѓ. Петров” и Крушево по 2-0. Не се подготвуваа, оти немаат просторија. Да имаме сала, можеме да се вклучиме во втора државна лига – велат од екипата на Економско.

Loading