И ОЏИ И ПОПОВИ НА ВЕЛИГДЕНСКА СОФРА

За прв пат годинава, на заедничка велигденска трпеза седнаа свештениците од прилепското архиерејско намесништво и претставниците на Исламската верска заедница. Иницијативата потекна од намесникот Благоја Станкоски. Се нагостија, си поприкажаа со цел зближување и надминување на разликите. На трпезата седна и градоначалникот Марјан Ристески и Панче Дамески.

Loading