ТОПОЛИ ЗА СПОМЕНИ

Спомени навираат кога ќе се погледаат сликите од не така далечното минато. Еден пријател се потсети на тополите, на левиот брег на реката од мостот кај училиштето “Кочо Рацин” до пешачкото мовче. Му се врати филмот кога тепале врапчиња со неговиот пријател – Турчин, кој сега живее во Швајцарија. Туркале џивџани и ѓаолчиња, и по некоја гугутка со стрели на тополите и во паркот. Водата во реката била чиста како солза. Вриело риби – кркушки. Тие биле плен на децата кои ги ловеле со бинтови, оти прачките со јадици биле сон. Постар сограѓанин се потсети дека локацијата на градбата на новата катна гаража или последниот пазар на дребулии бил разлеиште на реката пред да се направи коритото и да се исправи реката. Како и да е, старите фотографии, иако со пајажина, го враќаат векот. Тие се сведоци за едно време на стар Прилеп, кој ги интригира и новите генерации.

Loading