ОД ЕЗЕРО ДО ТРЕСКАВЕЦ И ДОМА

Ниту облаците и тмурното време не ги поколеба триесетината планинари на “Картуш” да направат пријатна прошетка од неколку часа по патеката од Вештачкото езеро, до месноста Кукул. Низ карпестите козји патчиња го наѕреа селото Дабница. Не се штедеа уште два часа по нагорнината. Зедоа душа на Белата чешма, па го прегрнаа и манастирскиот комплекс Пресвета Богородица – Трескавец. Запалија свеќи за здравје и бериќет во црквата. Физички и духовно напоени во душата, не им посмета уморот лесно да слезат низ стените покрај Црквиште, Наковалната, Маровите кули и да стапнат во Варош на асфалт.

Loading