ВИЗИИ НА ВЕЛОФЕСТ

Анимираниот филм “Татко и ќерка” од Михаил Дудок де Вит се прикажа на Велофест во ЦК “Марко Цепенков”. Се отвори и изложба на визии за велосипедски патеки, изработени од апсолвенти на Архитектонскиот факултет во Скопје, под водство на експертот Вим ван дер Вијк од Холандија. Велофестот се одржува вторпат во соработка на локалната самоуправа, холандската амбасада, Архитектонскиот факултет, Форумот за авангардна креативност, ВК Илинден и Одржливи иницијативи од Скопје.

Loading