НЕ МОЖЕЛЕ СО ТОПКА, УПОТРЕБИЛЕ БОКС

Трета лига

В сабота (16 ч.) продолжуваат интересни мечеви. Лидерот Победа јуниор, по триумфот 6-0 со Црна Река, оди на Илинден во Б. Село. Останати: Младост – Црна Река, Партизан – Вардар, Г. Коњари – Кожуф, Корзо – Вардарски, Превалец – Млекар. Претходно, Партизан го надигра Илинден во Б. Село. При 1-2 домашните не можејќи да трпат пораз, се нафрлиле со боксови врз Б. Ефтинџиоски. Останати: Вардарски – Г. Коњари 4-1, Млекар – Д. Езеро 3-2, Кожуф – Корзо 2-1. Табела: Победа ј. 53, Бабуна 51 бод. Во општинските лиги викендов нема коло. Претходно во А лигата Кадица го победи лидерот Динамо 2-1, Кадино – Тополчани 3-0, Пролетер – Тризла 2-1, Ц. Ѕвезда – Обршани 1-5, Боротино – Козара 6-2. Табела: Динамо 37, Тополчани 33 бода. Во Б – лигата: Братство – Беровци 6-0. Илинден – Пелагонија 4-3, Гарван – Мукос 6-3. Табела: Братство 36, Илинден 35 бода.

Loading