“БУДАЛЕСТО” ТОПЧЕ

Пинг – понг

Ѓоко Јочкоски од Младост загуби финале за државен шампион од Кристијан Станојковски од Крива Паланка. Гостинот не ја даде титулата преку добра игра и – среќа. Во финалето Јочкоски поведе со 2-1, а по 3-3, се играше четвртиот сет. Јочкоски напаѓаше, 10 пати удираше силно, тинејџерот враќаше оддалеку. “Будалестото” топче неколкупати падна на работ од масата. Во салата “Сонце” сите се држеа за глави. По 8-7, серија поени за 11-7 и триумф на Станојковски. Сепак, тутула за Младост и тренерот Зоран Јованоски, во двојки од браќата Гоце и Александар Штаргоски со финална победа од 3-1 над Христијан Станојковски и Роберт Стојановски (К. Паланка). Од Младост 96 во женски двојки трето место се Александра Рувческа со Екатерина Багеска, а Даниел Матракоски и Рувческа се петти во мешани двојки.

Loading