ГО ИЗБРКА ХРИСТОВСКИ

Пеце Томески, навивач познат по еден случај

Тренерот – менаџер Драган Христовски, есента 2004 ја водеше Победа само три ипол месеци. Поднесе оставка по ремито 1-1 дома со тетовска Шкендија. Претходниот ден, на тренинг имаше негодувања од навивачите, а најдиректен беше Пеце Томески. Христовски излезе и прашува за обложувалниците кој загубил, колку погодил… Му се пуштив. Му велам Седлоски без тренер трча наоколу, ти тука платен професионалец, а нема никаков ред. Губиме и надвор и дома. Зошто си дојден, за обложувалници или за работа? Уште што не му окарав, толку бев револтиран – вели Томески. Штипјанецот уште еднаш видел колку значи Победа. Сите се радуваат на победа, а барат причини кога губи. Се сметаше дека главната кочница за подобра игра е стратегот. Му реков од седум години сум со фудбалот. Какви тренери доаѓале. Самарџиќ трчаше по скали со играчите. Не е исто во просечен клуб и тука. Победа е име каде се признаваат само резултати. Не можиш да си играш со нас, го познаваме фудбалот. Или работи како треба, или заминувај! Томески и ден – денес е на трибини, го гледа 11 Октомври и пониските лиги.

Loading