Во среда
Мешаниот хор на КУД “Стив Наумов” од Битола под диригентската палка на Љубомир Трифуноски ќе одржи Велигденски концерт во среда, на 20 април, од 20 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Центарот за култура се стреми на пригоден начин, на сите христијани да им го честита големиот празник Воскресението Христово. Програмата е богата со духовна музика. Ќе се исполнат композиции од Мокрањац, Атанас Бадев, Ахангелски.. Хорот при КУД “Стив Наумов” е репрезент на македонската култура, ја збогатува традицијата во хорското музицирање, создавајќи нови културни вредности.