ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ОД КИРИЛ КАРАКАШ

“Смртоносна пролет” е тематската изложба на 20 фотографии од младиот фотограф Кирил Каракаш која утревечер во 20 часот ќе биде отворена во ликовниот салон на ЦК. На авторот ова му е второ самостојно претставување работено три – четири месеци. Фотографиите се тематски. Монтирани се и прикажуваат различни начини на извршување на убиства. Уметнички ги уривам бариерите, ги надминувам границите, посочувам една тема која воопшто не е третирана, а е контроверзна и предизвикува внимание – вели Каракаш.

Loading