ПРИЛЕП ФЕСТ НА 1 ЈУЛИ

Сузана Гавазова, Анета – Молика, Тања Стефановска, Јордан Митев…, се дел од музичките ѕвезди кои ќе учествуваат на третото издание на Прилеп фест на 1 јули. Вечерта во ЦК “Марко Цепенков” ќе има натпреварувачки карактер, а освен од Македонија ќе учествуваат изведувачи од Србија, Хрватска, Албанија и Бугарија. За најдобрите ќе има награди од жирито, од публиката, награда за најдобар дебитант, награда за интерпретација. Ќе се прогласи најслушаната песна меѓу два фестивала. Лани победи Елена Велеска која ја освои наградата од жирито, а гласовите од публиката заминаа кај Борче Наумовски.

Loading