МЕЧЕВИ НА ОСУМ МАСИ

Пинг – понг

Викендов, два дена во арената “Сонце”, ќе биде Државното сениорско поединечно пингпонгарско првенство во организација на ПФМ и ППК Младост. Најавени се 20 учесници во машка, женска и конкуренција на двојки. Натпреварите се на осум маси. На повидок се интересни борби за пехарите и медалите, а меѓу аспирантите има прилепчани. Од Младост настапуваат: Ѓоко Јочкоски, Зоран Јованоски, Гоце и Александар Штаргоски, Андреј Лашкоски, а од Младост 96 се Даниел Матракоски, Марио Апостолоски, Антонио Стомнароски, Андреј Габроски, Саше Ѓорѓиески и Александра Рувческа. Титулите се кај Христијан Станојковски (К. Паланка) за сениори, Јулијана Весковска (Влае) сениорки, а во двојки Зоран Јованоски – Ѓоко Јочкоски (Младост), односно Амелија Уце – Дијана Ристовска (К. Паланка).